|
:::
За Нас :::
Хотелот Ловец се наоѓа на 1 километар од центарот на градот на
двете страни на улицата “Железничка“, во два прекрасни објекти. Ваквата
положба на Хотел Ловец и неговата локација ви овозможува пријатни и
незаборавни мигови, мигови кои што ќе ви останат запаметени засекогаш.
Една од многуте причини кои што ќе ви остават впечаток е и неговиот
внатрешен прекрасен амбиент, кој што е создаден за вистинско уживање.

Со прекрасен амбиент, со
совршен ентериер и капацитет од 70 седишта во долниот дел на хотелот се
наоѓа ресторан интересно организиран и создаден за да поминете пријатни
моменти. Ресторанот нуди услови за организирање на родендени, коктели,
промоции, презентации и друг вид на помали свечености во прекрасна
атмосфера. Во прекрасниот амбиент, причина за да останете воодушевени се
и големиот број на препарирани животни распоредени во секое ќоше низ
ресторанот, како и многуте аквариуми со риби, многуте фонтани и секој
детал кој што остава впечаток, како никое друго место.
На сите гости им го нудиме нашиот
специјалитет - дивеч
За сите гости кои што доаѓаат и се сместуваат во нашиот хотел, им
нудиме бесплатна посета на нашето сопствено единствено приватно ловиште,
приватен резерват на дивеч. Ловиштето се наоѓа на 23 км од градот Охрид
на магистралниот пат Охрид- Кичево - Скопје. Ловната сезона во
приватниот резерват трае преку целата година, а во 5 километарскиот
заграден простор може да се сретнат дивите свињи, срните, зајаците и др.
останати животни.
Нашите врати се ширум отворени за сите што се желни за
мир, пријатни релаксирачки моменти и човечка срдечност, доволен
предизвик за секого.
Хотелот располага со 27 соби во два посебни објекти убаво
наместени со посебно купатило и со сите потребни елементи за Ваша
релаксација. Во зависност од големината на собите се однесува и нивната
опременост. За хигиената во Хотелот секогаш имало позитивни критики, за
што е заслужен високопрофесионалниот персонал на хотелот.

|